Марк Маркез е победник на спринтот во Арагон

38

Марк Маркез победи на спринтот во Арагон. Ова е прв триумф во спринт на повеќекратниот светски шампион, а воедно и прва победа откако се пресели во тимот на Гресини.

Шпанецот беше доминантен, освојувајќи ја пол-позиција во квалификациите, а потоа суверено триумфираше и во спринтот, на патеката каде што забележа пет триумфи возејќи за Хонда.

На второто и третото место завршија Хорхе Мартин и Педро Акоста.

Еден од главните фаворити, Пеко Бањаја иако стартуваше од третата позиција, на крајот заврши само деветти.

ПретходноМироски обезбеди второ злато за Македонија на СП во кик-бокс
СледноПројковска дел од судиите на СП за жени до 20 години во Колумбија