Мироски обезбеди второ злато за Македонија на СП во кик-бокс

218

Младиот македонски кик-боксер Силвио Мировски освои златен на Светското првенство за кадети и јуниори во Будимпешта, Унгарија. Тој е вториот наш кик-боксер кој од ова СП се враќа со злато, откако тоа вчера го направи и Марија Димовска.

Мировски во финалето во натпреварите во категоријата постари јуниори до 71 килограм славеше против Иван Бородатји од Украина 2-1.

Марија Димовска вчера го освои првото злато, а од овој шампионат Лука Змејкоски се враќа со сребрен медал.

ПретходноЖоао Педро не дозволи нова победа на Арсенал, Брајтон со бод од „Емирати“
СледноМарк Маркез е победник на спринтот во Арагон