На денешното Собрание на РФМ свое обраќање имаше и Драган Начевски, кој зборуваше за суспензијата изречена од страна на ЕХФ.
„Во животот немам направено ништо, немам згрешено ништо. Слепа е правдата во европската куќа на ракометот, имав три мандати избран од Конгресот на ЕХФ. Стојам пред сите вас и велам дека ништо не сум згрешил, во целиот процес не докажаа апсолутно ништо, немаат никаков доказ, само тој збор дека не сум пријавил… Каде е Карабатиќ и компанија кои беа осудени на редовен суд, каде требаше веднаш да бидат суспендирани и никогаш повеќе да не играат ракомет во европски рамки. Сепак, ние сме Балкан и со тоа им бодеме очи. Благодарност до Ракометната Федерација на Македонија за поддршката што ми ја даваше сиот овој период“, изјави Начевски пред делегатите.
Начевски беше суспендиран од ЕХФ поради непријавување обид за поткуп.