Попирин: После Алкараз си помислив – зошто да не денеска?

1149
Фото: УС Опен/Твитер

Австралискиот тенисер Алексеј Попирин направи сензација на УС Опен и во третото коло го елиминира најдобриот играч на сите времиња Новак Ѓоковиќ. Човекот кој неодамна го освои Мастерсот во Монтреал го совлада Србинот со 3:1 (6:4, 6:4, 2:6, 6:4).

„Да, тоа беше исклучителен настап од моја страна. Јас пред натпреварот кажав дека во последните две средби пропуштив неколку шанси, а сега ги искористив. Ова можеби не беше моето највисоко ниво, бидејќи одиграв некои натпревари каде што се чувствував подобро од денеска. Тактички добро се позиционирав и сепак го одиграв еден од најдобрите натпревари“, изјави Попирин. 

Претходниот ден Попирин не го гледаше поразот на Карлос Алкараз, но сепак било мотив за него.

„Заспав во 22.30 часот и всушност не видов ништо од тој натпревар. Да, се разбудив наутро и веднаш и покажав на девојка ми. Беше лудо. Се случуваат такви резултати. Си помислив: Зошто да не денес?“.

Негов ривал во осминафиналето ќе биде Американецот Френсис Тиафо.

ПретходноУште една „бомба“ на Островот: Јунајтед и Челзи постигнаа договор за Санчо
СледноПМФЛ: Вардар со победнички мисли против Воска!