Пројковска дел од судиите на СП за жени до 20 години во Колумбија

51

Нашата најдобра судијка, Ивана Пројковска продолжува да ја претставува нашата федерација на највисоките нивоа на меѓународниот фудбал. Неодамна, доби признание и обврска да биде дел од арбитрите на Светското првенство за жени до 20 години кое денеска започнува во Колумбија.

Новото признание за Ивана Пројковска ја истакнува нејзината посветеност, бидејќи повторно е дел од големо натпреварување и важен турнир, покажувајќи го значењето на нашите официјални лица на светската сцена.

Натпреварот помеѓу Северна Кореја и Аргентина ќе го суди Ивана Пројковска, а нејзини асистентки се Линда Шмид (Швајцарија) и Камил Сориано (Франција).

На Светското првенство во Колумбија, ФИФА за прв пат ќе користи технологија Football Video Support (VS), поедноставена алтернатива на видео помошните судии (ВАР), бидејќи Светската фудбалска асоцијација продолжува да ја поттикнува употребата на технологија за да им помогне на судиите.

ПретходноМарк Маркез е победник на спринтот во Арагон
СледноНаковска-Бикова осма во возудушен пиштол 10 м. на ПОИ во Париз