Рајс го доби најбизарниот црвен картон во Премиер лигата

2785

На „Емирејтс“ стадионот во Лондон, во 3 коло од Премиер лигата играа Арсенал и Брајтон. Мечот заврши со резултат 1:1 но спектакл приреди судијата Крис Каванаг со своите контроверзни одлуки.
Во првото полувреме го навлече гневот на навивачите и играчите на Арсенал поради тоа што не досуди пенал и покрај тоа што еден дефанзивец на Брајтон ја запре топката со рака. Но уште појака ситуација во второто полувреме. На самиот старт, Каванаг му покажа втор жолт картон на Деклан Рајс поради дуел со противнички играч Велтман покрај корнер знаменцето. Но во продолжение на таа ситуација, противничкиот играч го клоцна Рајс, а судијата го испрати играчот на Арсенал во соблекувалната, а не го казни „клоцачот“.

ПретходноБарселона го сомле Ваљадолид за 100% ефект по четири кола, хет-трик на Рафиња
СледноИван Тони премина во Ал Ахли, платата 60 милиони евра за три години!