РК Бутел со трофејот од меморијалниот турнир во чест на Денис Тот

118
Ракометарите на Бутел Скопје го освоија трофејот на меморијалниот турнир, што се играше во чест на некогашниот десен бек на нашиот тим, Денис Тот.
Во Ѓаково, момците на Горан Кузманоски најпрво го победија домаќинот со убедливи 34-24, а на овој натпревар одлични партии имаа Димитар Узунчев со осум и Филип Николов со седум погодоци.
Во вториот натпревар, кој практично беше и финале, македонскиот тим славеше против босанската Грачаница со 29-24.
На оваа средба, засилувањето од Босна и Херцеговина, Драган Шољиќ, имаше клучна улога со осум постигнати погодоци
ПретходноНено Димитријевиќ дел од тимот на европските ѕвезди на Меморијалот Дражен Петровиќ
СледноППД Загреб пресилен за Пелистер, битолчани ќе играат за 5. место во Добој