Челзи и Манчестер Јунајтед навреме ги потпишаа сите документи за договорот со Џејдон Санчо, открива Фрабрицио Романо, специјалистот за трансфери. Челзи достави две понуди: едната валидна на позајмица со опција за купување, другата на позајмица со обврска.
Манчестер Јунајтед ја прифати понудата за позајмица со загарантирана обврска за купување доколку Челзи заврши од позицијата 1 до 14 во Премиер-лига.
Надоместокот започнува од 20 милиони фунти загарантирани и може да достигне до 25 милиони фунти во додатоци врз основа на изведбите на Санчо.
Официјалната изјава на Челзи следува денеска.