Ново засилување за престојата сезона е Маркис Дајвис, американскиот интернационалец кој ги покрива бековските и крилната позиција!
Сега 24-годишникот познат по шутерскиот учинок колеџ кариерата ја помина во редовите на силниот Универзитет Арксансас каде во својата последна сезона бележи просек од 9.8 поени и 4.5 скокови по натпреар.
„Виолетово-жолтиот“ дрес ќе го облече и со веќе стекнато интернационално искуство со оглед на тоа што минатата сезона настапуваше во финскиот шампионат за КТП Баскет, а добро му е познато и соседството бидејќи настапи и во Босна и Херцеговина за Славија Сараево бележејќи просек од 7.6 поени и 5.0 скокови.
Претходно во Феникс дојдоа двајца Американци, Мајлс Браун и Адам Сисе.