Халанд со хет-трик го потона Вест Хем

153

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд со три гола му донесе победа на Манчестер Сити на гостувањето кај Вест Хем во рамките на 3.коло на англиската Премиер лига. Поведоа „граѓаните“ во 10 минута токму со гол на Халанд по грешка на играчите на Вест Хем. Изедначувањето стигна девет минути подоцна со автогол на Диас.
Халанд зголеми на 2:1 во 30. минута, а конечните 3:1 ги постави во 83 минута.
Тоа е осми хет-трик на Норвежанецот во Премиер лигата.

ПретходноЛајпциг го победи шампионот со магичен пресврт, Елмас си преседе на клупа
СледноАтлетико победи на „Сан Мамеш“ со гол во 92 минута