Атлетико Мадрид ја запиша втората победа сезонава во Ла Лига откако вечерва славеше против Атлетик Билбао на „Сан Мамеш“ со 1:0. Голот вреден три бода го постигна Анхел Кореа кој по една грешка на домашните фудбалери и брз контра напад, фудбалерот на Атлетико го совлада домашниот голман (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК).
Еспањол со гол во 96 минута го победи Рајо Ваљекано со 2:1. Гостите водеа со гол на Гарсија, изедначи Ромеро во 8 минута. Тимот од Барселона стигна до победата со гол на Велиз во 96 минута.
Претходно Барселона со 7:0 го победи Ваљадолид.