Вуко Борозан повторно ќе го облече дресот на Вардар!

549

Вуко Борозан повторно ќе го облече „црвено-црниот“ дрес на Вардар. Како што потврдија од клубот, тој потпиша едногодишен договор со екипата со можност истиот да биде продолжен. Доаѓа како засилување за клубот пред почетокот на сезоната, а следната недела треба да се приклучи на тренизните на екипата.

Црногорскиот ракометар кој со Вардар во 2017 година стана европски првак е познат по својот силен шут, и кој ги трестеше мрежите како член на Вардар во периодот од 2016 до 2019 година, како играч на клубот има освоено и три титули во Македонија, два Купа, трипати СЕХА лигата.

Во сезоната 2016/2017 кога Вардар беше европски првак Борозан даде 49 гола, од што осум на Ф4 турнирот во Келн (5 против Барселона и 3 против ПСЖ). По својата позиција Борозан е лев бек, но по потреба може да одигра и како среден бек. По заминувањето од Вардар беше дел од тимот на Веспрем, Ал Араби и Ловќен.

Настапуваше и за репрезентацијата на Црна Гора во 2014, 2016 и 2024 година. Во 2017 година Борозан беше избран за „Спортист на Црна гора“.

Во моментов во Вадар има тројца членови во тимот кои се дел од шампионскиот тим од 2017 година, тренерот Владо Недановски, неговиот помошник Стојанче Стоилов и Вуко Борозан.

ПретходноПолувреме: Здодевно е на прволигашките терени, гол само во Кратово! (ВИДЕО)
СледноЕХФ го објави летниот ранкинг: Македонија е 18-та, кадетите ќе играат квалификации!