Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во осминафиналето на УС Опен.
Во третото коло Зверев го победи Аргентинецот Томаш Мартин Ечевери со 3:1, по сетови 5:7, 7:5, 6:1, 6:3.
Откако Аргентинецот го зеде првиот сет, многумина мислеа дека е на пат нова сензација, по елиминацијата на Ѓоковиќ и Алкараз, но Зверев го „грмеше“ вториот сет, израмни на 1:1 и подоцна сосема рутински ја заврши работата во третиот и четвртиот период.
Зверев, финалист на УС Опен во 2020 година, за пласман во четвртфиналето ќе се бори со Американецот Брендон Накашима, 50. рангиран тенисер во светот.
Инаку, Зверев сигурно ќе биде вториот тенисер на планетата по Грен слем турнирот во Њујорк.