Четири гола на мечот меѓу Лацио и Милан што се одигра во Рим во рамките на 3.коло на Серија А. Поведе Милан со голот на новакот Страхиња Павловиќ во 8 минута. Резултатот не се менуваше до 62 минута, а потоа домашните набрзина дадоа два гола и го свртеа резултатот.
Изедначи Кастељанос, а четири минути подоцна Диа носи 2:1 за Лацио. Во 72 минута Рафаел Леао му донесе бод на Милан.
А Наполи губеше од Парма се до финишот и во судиското продолжение победи со 2:1. Во 19 минута судијата свирна пенал по груб старт на Алекс Мерет, а Бони од пенал носи предност за Парма.
Во 76 минута Сузуки доби црвен картон и Парма остана со играч помалку, а во 92 минута Ромелу Лукако го постигна првиот свој гол за Наполи и за изедначување на резулатот. Пред тој момент судијата преку ВАР проверуваше ситуација за пенал за Наполи и не покажа на белата точка.
Во 97 минута Ангуиса ја затресе мрежата за лудило на „Диего Марадона“ стадионот и победа за Наполи.
E CHI SE NON ROMELU LUKAKU ALL’ESORDIO! La riprende il @sscnapoli nel recupero 🔥🔥#NapoliParma 1-1 pic.twitter.com/cYKi115YRe
— Lega Serie A (@SerieA) August 31, 2024