Мукаетов: Радува фактот што има голем интерес за ракометот и во помалите средини

87

Денеска се одржа редовното Собрание при РФМ на кое од 54 делегати претставници на клубови и судии присутни беа 53. Главна тема е заминување на успешниот бизнисмен и прв човек на нашата „куќа на ракометот“, Живко Мукаетов, кој своето повлекување го најави во март за кога е закажано Изборното собрание на кое нема да се кандидира.  Претседателот на РФМ зад себе има успешни години и право на гордост, бидејќи оваа федерација функционираше беспрекорно, а сите национални тимови имаа врвни услови.

Покрај своето заминување, Муакетов даде отчет за сработеното септември од 2023 година до август 2024 година.

„Управниот одбор на РФМ во периодот септември 2023 до август 2024 донесе бројни важни одлуки за развој на ракометниот спорт. Од нив, би истакнал – во сите категории во системот на РФМ одиграни се вкупно 1404 натпревари. За истите само по основ на судиски и делегатски такси од страна на РФМ исплатени се средства од 11,909,063 денари, средства кои порано паѓаа на сметка на клубовите, а сега ги покрива федерацијата. Радува фактот што се појавува голем интерес за вклучување во ракометниот систем, вклучувајќи ги и центрите од помалите средини“, истакна претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, кој додаде: 

„Особено сме горди на успесите на сите наши репрезентации. Нашите судии и делегати достојно ја претставуваат земјата на меѓународна сцена, на што сме исклучително горди. Задоволство беше да се следат на големата сцена“. 

Од извештајот за финансиско работење на РФМ за 2023 година, надзорната комисија констатираше дека согласно одлуките на Собранието и сите органи и цела, РФМ целосно ја извршува својата програма, документацијата се води правилно.

Здружението на ракометни судии и Здружението на контролори поднесоа барање за зголемување на нивните примања од околу 50%. Мукаетов објасни дека федерацијата во моментов е во специфична ситуација да го покрие и евентуалното зголемување на судиските такси откако досега ги покриваше таксите за официјалните лица.

„Имаме дадено 11 милиони денари, средства обезбедени од спонзори, ние ги покривавме судиите и официјалните лица. Ако некој мисли дека е малку, нека каже. Клубовите треба да се изјаснат дали тие би ја покривале разликата“, истакна Мукаетов.

ПретходноЖивко Мукаетов најави заминување од РФМ!
СледноНачевски пред Собранието на РФМ: Слепа е правдата на европската куќа на ракометот