Нов ден, нова сензација на УС Опен. овак Ѓоковиќ е елиминиран во третото коло на УС Опен од Алексеј Попирин, откако загуби по четири сета со 3-1 (6-4, 6-4, 2-6, 6-4).
Српскиот тенисер падна после три и пол часа борба и ја доживеа најраната елиминација на еден Грен слем турнир од 2017 година и Австралија опен.
Ноле имаше дури 14 двојни сервисни грешки.
Оваа година е прва од 2017 година кога рекордерот по број на титули од турнирот во најсилната категорија завршува без освоен Грен слем. На Австралија опен играше во полуфиналето, на Ролан Гарос беше запрен во четвртфиналето, а на Вимблдон беше поразен од Алкараз во три сета во мечот за титулата.