Попладнево од 16 часот се играат сите шест средби од 4.коло во ПМФЛ. Се очекува голема борба на сите натпревар, Вардар ја дочекува Воска на Арената, но се очекува најинтересно да биде во Кавадарци каде Тиквеш го дочекува забревтаниот Гостивар. Кога игра дома Тиквеш обично победува, но Гостивар покажува дека е во голема форма.
Струга ТЛ тргна со две победи, па потоа забележан беше пораз од Работнички на гости. Денеска шампионот ја дочекува Брера, ова ќе биде “поправен“ за момците на стратегот Ќатип Османи. Струмичани ако загубат тогаш тоа ќе биде трет пораз во низа и секако дека ќе се запали црвеното светло во клубот.
Работнички гостува кај Беса и посакува нови бодови. Со триумф над дебитантот во ПМФЛ четата од Дебар Маало и дефинитивно ќе докаже дека досегашните одлични резултати не биле случајни.
Шкендија го дочекува Пелистер и ќе оди по првата домашна победа оваа сезона. Лидерот одигра одлично во Струмица, но и Пелистер покажа дека е тим кој знае и тоа како да направи проблеми.
Силекс дома победувам на гости губи. Денеска игра во Кратово против Шкупи, дали е сега ред на триумф за екипата на стратегот Александар Васоски? Останува да се види.
ДВОЈКИ ЗА 4.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)
Кавадарци: Тиквеш – Гостивар
Скопје: Вардар – Воска
Кратово: Силекс – Шкупи
Тетово: Шкендија – Пелистер
Струга: Струга ТЛ – Брера
Гостивар: Беса – Работнички
ТАБЕЛА
Шкендија 7, Гостивар 7, Работнички 7, Струга ТЛ 6, Шкупи 4, Пелистер 4, Силекс 3, Тиквеш 3, Беса 3, Брера 3, Вардар 3, Воска 1…