ППД Загреб пресилен за Пелистер, битолчани ќе играат за 5. место во Добој

238

Актуелниот македонски првак, Пелистер не успеа да се пласира во финалето на ТВ турнирот на шампионите во Добој.

Поради полошата меѓусебна гол разлика битолчани завршија како третопласирани на табелата и ќе се борат против домашниот тим на МРК Слога.

Избраниците на Бранко Ангеловски беа совладани од ППД Загреб со убедливи 37-19.

Овој меч беше решен по едно полувреме во кое хрватскиот тим имаше предност од 20-9. До крајот беше чиста рутина, битолчани беа немоќни во оваа пресметка.

ПретходноРК Бутел со трофејот од меморијалниот турнир во чест на Денис Тот
СледноЛудо во Неапол: Лукаку погоди на дебито, Наполи победи со голови во судиското продолжение