Европската фудбалска класика, дербито меѓу Милан и Ливерпул ќе биде во фокусот на првиот ден на натпреварите во новата сезона и новиот формат на Лигата на шампините. УЕФА денеска го објави комплетниот распоред на натпреварите во т.н. лигашка фаза. За разлика од минатите години, од оваа, ЛШ ќе има натпревари во три дена, од вторник до четврток, а термините остануваат од 18.45 и 21 часот.
Носителот на трофејот Реал Мадрид стартува со Штутгарт на домашен терен, исто така на 17 септември (вторник).