Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд со три гола му донесе победа на Манчестер Сити на гостувањето кај Вест Хем во рамките на 3.коло на англиската Премиер лига. Поведоа „граѓаните“ во 10 минута токму со гол на Халанд по грешка на играчите на Вест Хем. Изедначувањето стигна девет минути подоцна со автогол на Диас.
Халанд зголеми на 2:1 во 30. минута, а конечните 3:1 ги постави во 83 минута.
Тоа е осми хет-трик на Норвежанецот во Премиер лигата.