Ѓоковиќ по шокантниот пораз: Ужасен меч! Најлошиот тенис досега!

420
Фото: УС Опен/Твитер

Новак Ѓоковиќ годинава нема да освои ниту една грен слем титула, што е негова прва ваква година од 2017 година. Рекордерот по број на титули од турнирот во најсилната категорија, беше сопрен во 3. коло на УС Опен откако претходно беше елиминиран од Австралија опен во полуфиналето, Ролан Гарос во четвртфиналето и го загуби финалето на Вимблдон.

Тоа му го нанесе Алексеј Попирин, 25-годишниот австралиски тенисер кој никогаш не бил во топ 20 во светот и за кого ова беше прва победа против Ѓоковиќ во четвртиот обид. Попирин победи со 6:4, 6:4, 2:6, 6:4 за сензација во Њујорк.

„Им честитам нему и на неговиот тим. Беше подобар и заслужи да победи. Што се однесува до мене, од самиот почеток на турнирот, како играв и како се чувствував. Третото коло е успех. Играв можеби мојот најлош тенис досега , а мојот сервис никогаш не бил полош“, изјави Ѓоковиќ по поразот.

На УС Опен, српскиот тенисер успеа да собере 32 двојни грешки на свој сервис во три кола, од кои 14 на овој меч. Тие 14 се негов рекорд на Грен слем турнирите.

„Не можете да победите на подлога толку брзо без сервис, без шанси за лесни поени, со лош процент на прв сервис и двојни грешки. Не можете. Особено не против играчи кои се во форма како Алексеј, кои добро сервираат и изврши притисок врз вашиот сервис Да, ова беше ужасен натпревар за мене“, додаде тој.

ПретходноНова сензација на УС Опен – Попирин го спакува Ѓоковиќ
СледноАрсенал и Челзи се договорија за Стерлинг