Кој ќе биде новиот тренер: Вардар бира меѓу Срле, Седло и Мрме!

2186

Откако Горан Петрески – Чунга утринава си поднесе неотповиклива оставка од местото шеф на струката на Вардар, сега раководството на нашиот најтрофеен клуб е во потрага по ново име.

Како што дознаваме, на списокот се три имиња и тоа Срѓан Захариевски, Гоце Седлоски и Игор Ангеловски – Мрме. Сите тројца познати и успешни наши стратези, докажани.

Захариевски беше најзаслужен за првата титула на Струга ТЛ. Лани ја однесе Воска во финалето на Купот. Не треба да се трошат зборови за неговата стручност.

Гоце Седлоски како тренер им донесе титули на Вардар и на Шкупи. Има и интернационална кариера.

Игор Ангеловски – Мрме како тренер во Работнички има една шампионска титула и два пехари во Купот и тоа во период од 2,5 години. Беше селектор на Македонија кога за првпат се пласиравме на едно ЕП.

Без разлика кој и да биде од овие тројца се разбира дека ќе биде добра опција. Новиот тренер треба да ги среди работите во тимот, да го подигне Вардар и да покаже дека овој нов Вардар е подготвен за поголеми предизвици.

Колку за потсетување, со Горазд Михаилов и со Горан Петрески – Чунга, Вардар победи само еднаш и забележа три порази.

Пред новиот тренер е тешка задача. По двонеделната пауза следува гостување кај Гостивар, потоа кај Новаци во Купот и уште едно гостување кај Тиквеш.

Сепак, на Вардар сега му е непходно големо, квалитетно и познато тренерско име, кое како што рековме, ќе ги среди работите.

ПретходноЗаха го напушти Галатасарај за да игра за Лион
СледноНико објасни зошто одлучил да остане во Атлетик Билбао