Флик: Најважно е дека ги израдувавме навивачите

136

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше повеќе од задоволен по победата од 7-0 над Ваљадолид. Тој е среќен од настапот на својот тим и од фактот што ги израдува многубројните фанови со оваа победа.

“Кога ги гледам навивачите како не поддржуваат, тоа е посебно чувство. Беше многу убаво да се биде на теренот. Секој пат кога напаѓавме сакавме да постигнеме уште еден гол. Убаво е и тоа ги прави навивачите горди. Затоа сме тука да го прикажеме најдобриот можен колективен и индивидуален настап“, изјави Флик.

Предводникот на каталонскиот гигант потенцира дека имаат многу работа пред нив.

“Горд сум. Моментално ситуацијата е добра за мене бидејќи навивачите се среќни, но имаме уште многу работа до крајот на сезоната. Сега ќе имаме време за одмор и тие ќе бидат корисни за тимот. Се надевам дека нашите репрезентативци ќе добијат поголема самодоверба штом ќе се вратат, сепак, сакам да размислуваат само за Барса.

Среќни сме од она што се случи на теренот. Уживам во добриот однос со навивачите. Сите се 100% зад Барса и им благодариме на теренот. Нашите играчи се претстават добро и работат многу напорно. Ми се допаѓа овој однос “, заклучи специјалистот.

ПретходноМаркез триумфално на ГП на Арагон, Бањаја излета од патеката
СледноЧелзи пак се посрамоти – само реми со Кристал Палас, Тотенхем поразен во Њукасл