Арапите го „изгубија“ умот: Играч вреден 800.000 евра платен 29 милиони евра

7438

Во Про лигата на Саудиска Арабија е реализиран трансфер на играчот Мотеб Ал Харби од Ал Шабаб во Ал Хилал. Се работи за лев бек кој има 24 години и кој е еден од подобрите играчи на таа позиција во лигата, но податокот дека е платен дури 29 милиони евра е лудо.
Според „Трансфермаркт“, вредноста на Ал Харби е 800.000 евра, а Ал Хилал платил 36 пати повеќе.
Единствено објаснување за ваквата сума може да лежи во фктот дека има малку квалитетни играчи од Саудиска Арабија, а клубовите во Про лигата се ограничени на регистрација на најмногу осум странци.
Според саудиските медими, Ал Ахли може да го продаде Ренан Лоди кој игра на левата бековска позиција, а со тоа и да го регистрира моментално повредениот Нејмар.

ПретходноШарл Леклер победник на ГП на Италија на „Монца“
СледноИџе и покрај проблемите возеше и го освои четвртото место во Словенија