Бобан Николов потпишува за Борац Бања Лука!

220

И дефинитивно Бобан Николов (30), нашиот репрезентативен играч за врска, својата кариера ќе ја продолжи во Борац Бања Лука, каде што е член и голманот Дамјан Шишковски. Во текот на утрешниот ден би требало Николов да стави потпис со шампионот на БиХ.

Инаку Николов имаше неколку понуди од клубови од Македонија, сепак тој се одлучи и натаму да игра во странство па така ќе биде дел од екипата која оваа сезона ќе игра во Лигата на Конференции.

Последен клуб на Николов му беше Кишварда.

ПретходноСалах ги шокира фановите на “редси“: Ова е мојата последна сезона во Ливерпул!
СледноВМФЛ: Беласица и Охрид одиграа без победник!