ВМФЛ: “Лавовите“ ја дочекуваат Победа на ФФМ, Беласица – Охрид се игра под рефлектори!

369

Денеска од 16 часот се играат сите осум средби од 3.коло во ВМФЛ. Теренот на стадионот во Ѓорче се реновира, па затоа дербито на колото меѓу Македонија ЃП и Победа, се игра на теренот на Фудбалската федерација на Македонија. Инаку ова е дуел на клубови кои „тежат“ заедно вкупно три титули во нашата елитна лига, ама тие беа освојувани пред 15-20 години. Сега и двете екипи играат во втората по ранг лига во земјата.

Во Струмица повторно натревар во вечерен термин, под рефлектори. Имено од 20 часот Беласица на „Благој Истатов“ го дочекува Охрид. И двете екипи имаа лош старт во првите две кола во новата сезона.

Супер интересно ќе биде меѓу Аресими и Башкими, како и на мечот меѓу Брегалница и Саса.

На останатите средби се среќаваат Скопје – Вардар (Н), Кожув – Осогово, Детонит – Вардарски, Борец – Новаци.

ДВОЈКИ ЗА 3.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Скопје: Скопје – Вардар (Н)

Гевгелија: Кожув – Осогово

Радовиш: Детонит – Вардарски

Штип: Брегалница – Саса

Велес: Борец – Новаци

Скопје: Македонија ЃП – Победа

Гостивар: Аресими – Башкими

Струмица: Беласица – Охрид (20 ч)

ТАБЕЛА

Аресими 6, Брегалница 6, Македонија ЃП 6, Кожув 4, Вардар (Н) 4, Победа 3, Башкими 3, Новаци 3, Детонит 3, Скопје 2, Осогово 1, Беласица 1, Вардарски 1, Саса 1, Охрид 0, Борец 0…

ПретходноНигеријците поставија селектор и го сменија само после три дена!
СледноПо поразот од Воска: Петрески и неговите помошници поднесоа неотповиклива оставка!