Попладнево се одиграа седум средби од 3.коло во ВМФЛ. Требаше да биде дерби на ФФМ меѓу Македонија ЃП и Победа, но тимот од Ѓорче си го искажа сиот свој квалитет и победи со 3:0. Интересно, сите три гола беа дело на искусниот напаѓач Симеон Христов, два во првиот дел и еден во продолжението. Со ова Македонија ЃП е максимална, има три од три на стартот на сезоната.
Новаци во Велес со гол во 95.минута дојде до победа од 0:1. Со истиот резултат и Башкими славеше на гости кај Аресими.
Скопје на Автокоманда со 2:1 го победи Вардар (Неготино).
Во Штип екипата на Брегалница со 2:1 славеше над Саса. Стрелци на головите на “сините“ беа Хаџи – Кимов и Галевски од пенал.
Детонит и Вардарски одиграа 1:1, а Кожув со убедливи 4:1 беше подобар од Осогово.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 3.КОЛО
АРЕСИМИ – БАШКИМИ 0:1
БОРЕЦ – НОВАЦИ 0:1
БРЕГАЛНИЦА – САСА 2:1
ДЕТОНИТ – ВАРДАРСКИ 1:1
СКОПЈЕ – ВАРДАР (Н) 2:1
КОЖУВ – ОСОГОВО 4:1
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА 3:0
БЕЛАСИЦА – ОХРИД (20 Ч)