ГРК Охрид триумфираше на Меѓународниот меморијален турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.
Во финалето што се одигра денеска
„Гладијаторите“ ја совладаа екипата на Еурофарм Пелистер 2 со 33:23, полувреме 19:9.
Најдобар стрелец на турнирот е Гал Цирар од ГРК Охрид со 30 гола, а за најкорисен играч (МВП) прогласен е Теимураз Орјоникидѕе исто така од ГРК Охрид.