Иџе и покрај проблемите возеше и го освои четвртото место во Словенија

2248
ФОТО: ФБ/Игор Стефановски Иџе

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе и покрај проблемите кои ги имаше во Илирска Бистрица, сепак, настапи на втората трка и го освои четвртото место во севкупниот поредок. По третото место во првата трка, Иџе објави дека тој и неговиот тим се соочиле со проблеми поради кои настапот на втората трка бил неизвесен.
Иџе откри дека крадци им украле дел од опремата, како и алатот за менување на гумите, па тој се најде во ситуација да чека поволни временски услови и да се исушти асфалтот за да настапи.
За среќа времето беше добро и Иџе настапи со петто место, а со вкупно време (по двете трки) се пласира на четвртото место.
Следната трка е за две недели во Бузет, Хрватска.

ПретходноАрапите го „изгубија“ умот: Играч вреден 800.000 евра платен 29 милиони евра
СледноЕкс-напаѓач на Тотенхем и Евертон дојде во Џирона