Мбапе – Бетис 2:0, ете така може да се каже како се одвиваше овој меч вечерва на “Сантијаго Бернабеу“ во меч од 4.коло во Ла Лига. Мбапе конечно “тресе“ и тоа двапати, против Бетис за победа, за еуфорија кај фановите на „кралевите“.
Ова беше четврти меч за Мбапе во дресот на Реал во Ла Лига, и конечно вечерва покажа дека знаел да дава и голови/
Овој 1 септември 2024 ќе се памети, ова датумот кога Килијан за првпат се впишува во листата на стрелците во Ла Лига како напаѓач на Реал.
Во првото полувреме не одеа работите како што треба, Мбапе имаше шанси, но без реализација. Имаше и свирежи од трибините на “Бернабеу“ за ѕвездите на Реал.
Во второто полувреме се се отвори во 67.минута кога магичната асистенција на Валверде, Мбапе со одлична завршница го постигма својот прв гол во Ла Лига за водство 1:0.
И тоа не беше се од Килијан, во 75.минута беше направен пенал врз Винисиус, а Мбапе ја презеде одговорноста и стрелаше за 2:0.
Неколку минути по тој гол, Мбапе беше повлечен од игра за да биде поздравен од гледачите и фановите на Реал.
KYLIAN MBAPPE GOAL!
FEDE VALVERDE WHAT AN ASSIST! 🤯 pic.twitter.com/PZ9gxzF3BK
— TC (@totalcristiano) September 1, 2024