Маркез триумфално на ГП на Арагон, Бањаја излета од патеката

61

Возачот на Грезини Дукати, Марк Маркез успеа да триумфира на Гран при на Арагон (Шпанија) со 4,7 секунди пред Хорхе Мартин.
На тој начин тој ја донесе втората победа по ред за екипата на Грезини на Арагон, каде што пред две години победата ја однесе Енеа Бастианини. Минатата година ГП на Арагон не беше во календарот на Мото ГП.

Денешната трка ја одбележа откажувањето на Франческо Бањаја кој ја напушти трката по контакт со Алекс Маркес во 18-тиот круг кога двајцата се бореа за третото место. За светскиот шампион тоа е втора нула за сезоната и со неа регистрира загуба од цели 20 поени во однос на Мартин во битката за титулата.
По катастрофата меѓу Бањаја и Алекс Маркес на третото место заврши Педро Акоста за кого ова е прв подиум после ГП на Америка во април. Брад Биндер и Бастианини ја формираа петорката во Арагон.
Од трката се откажаа уште Маверик Вињалес и Фабио Квартараро.
Во генералниот пласман Мартин е на чело со 299 поени и предност од 23 поени пред Бањаја. Маркез е трет со 229 поени, еден повеќе од Бастианини.

ПретходноИџе жртва на криминалци во Словенија, настапот е неизвесен
СледноФлик: Најважно е дека ги израдувавме навивачите