ФК Работнички има за што да биде горд. Генералниот секратер на клубот од Градски парк, Ненад Монев се стекна со Диплома за фудбалско лидерство и менаџмент на УЕФА.
„ФК Работнички со неизмерна гордост му честита на својот Генерален секретар, Ненад Монев, кој успешно дипломираше на престижната програма на УЕФА Академијата и Универзитетот од Лозана, Диплома за фудбалско лидерство и менаџмент (ДФЛМ). Воедно се стекна и со одличјето “Diploma with distinction” која според стандардите на швајцарскиот образовен систем им се доделува на најдобрите студенти во генерацијата, односно на оние кои дипломираат со највисока оценка.
ФК Работнички е неизмерно горд што има клупски кадар кој се докажува и е високо респектиран во европски фудбалски организации, како што е УЕФА“ велат од Работнички.