Иако резултатски Барселона минува одлично на стартот од сезоната во Ла Лига, сепак ситуацијата во клубот ни од далеку не е на ниво, не е како што треба.
Сепак ретко кој веруваше дека до толку има раскол меѓу претседателот Лапорта и спортскиот директор Деко. Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Португалецот најавил дека си заминува и дека за се бил виновен Лапорта. Имено Деко без финансии, а Барса ги нема, не може да си работи својата работа, не може да ги донесе оние играчи кои му ги ветил на тренерот Ханси Флик.
Тој на сите состаноци во клубот истакнува дека е убедливо најсиромашиот спортски диретор во Европа, дека располага со нималку средства.
Инаку познато е дека освен Дани Олмо, Барса не донесе ниту едно од планираните засилувања. Токму затоа Деко го обвинува Лапорта и најавил дека заминување.