Фановите на Ливерпул не стигнаа да се израдуваат на победата на нивниот тим на “Олд Трафорд“ кај Манчестер Јунајтед со 0:3, кога многи брзо беа во шок по изјавата на Мохамед Салах, кој и денеска блескаше во дресот на “редси“:
„Како што знаете ова е мојата последна сезона во Ливерпул. Со мене досега никој нема разговарано околу евентуалното продолжување на договорот. Ми се чини дека сега немам притисок, се чуствувам некако слободно и тоа ми помага да уживам играјќи, сепак да видиме што ќе се случи до следната година. Не размислиувам на тоа, сакам само да уживам“ рече покрај другото најдобриот фудбалер на Ливерпул.