Екипата на Челзи повторно не успеа да го собере целиот плен откако одигра 1:1 на домашен терен против Кристал Палас во 3.коло на Премиер лигата. По поразот од Манчестер Сити на стартот, Челзи покажа сила против Вулверхемптон во второто коло (6:2), а сега повторно се врати по старо – само реми против еден од аутсајдерите.
Поведе Челзи со гол на Никлас Џексон (ГОЛОТ ОВДЕ) кој се најде на вистинското место по добрата акција на „сините“ и асистенцијата на Кол Палмер. Но во 54 минута изедначи Езе (ГОЛОТ ОВДЕ) со прекрасен шут од околу 17 метри.
Тој резултат остана до крајот и покрај теренската надмоќ на „сините“ и бројот на шанси што ги имаше во однос на противникот.
А на „Ст.Џејмс Парк“ Њукасл го совлада Тотенхем со 2:1. Во 37 минута Харви Барнс (ГОЛОТ ОВДЕ) го отвори резултатот во корист на Њукасл, но во 56 минута со автогол на Бурн (ГОЛОТ ОВДЕ) изедначи Тотенхем. Сепак, во 78 минута Александар Исак (ГОЛОТ ОВДЕ) му ја донесе победата на Њукасл.
Од 17 часот играат Манчестер Јунајтед и Ливерпул.