Возачот на Скудерија Ферари, Шарл Леклер ги израдува тифозите со победа на Гран При на Италија. Тоа е втора победа за Шарл на „Монца“ после 2019 година, втора победа за него оваа сезона и општо седма во кариерата.
Шарл само еднаш застана во боксот и помина 38 кругови со тврдите гуми, со кои стигна до победата, а зад него се пласираа двајцата возачи на Мекларен, Оскар Пиастри со 2,664 секунди задоцнување и Ландо Норис со задоцнување од 6,153 секунди.
Топ 5 ја формираа Карлос Сајнц од Ферари и Луис Хамилтон од Мерцедес. Светскиот шампион Макс Верстапен со Ред Бул заврши на шестата позиција и во ниту еден момент немаше темпо да го нападне првото место.
Со двојниот подиум на „Монца“ Мекларен ја „стопи“ на 8 поени предноста на Ред Бул во битката за титулата кај контрукторите.