Шкупи се раздели со Руатубјаје!

210

Абдул Руатубјаје од Руанда не е веќе фудбалер на Шкупи. Оваа вест и офцијално е потврдена од страна на клубот од Чаир. Па така новиот стратег на тимот Матија Мирков останува без еден од своите најдобри фудбалери, посебно во одбраната.

Инаку Руатубјаје во Шкупи дојде во јануари 2021 година, во меѓувреме се врати во својата Руанда каде играше за Рајон Спортс за да од февруари оваа година повторно беше дел од тимот на Шкупи.May be an image of 1 person, playing football, playing soccer and text

Раководството со одбрани зборови се прости од Абдул, му се заблагодари на досегашната соработка и му посака многу среќа во идната негова кариера.

Инаку Руатубјаје вчера го одигра целиот меч во Кратово каде Шкупи беше поразен од Силекс со 2:1.

ПретходноГвардиола: Нема стопер кој може да го запре Халанд, ниту со пиштол!
СледноНигеријците поставија селектор и го сменија само после три дена!