Мартина Навратилова изјави дека освојувањето на олимпиското злато имало големо влијание врз настапот на Новак Ѓоковиќ на УС Опен.
Олимпискиот шампион беше елиминиран во третото коло на Грен слем турнирот во Њујорк, а подобар од него беше Алексеј Попирин.
“Тој потчини сè на златниот медал на Олимпијадата и тоа го направи. Затоа не ме чуди што толку брзо беше елиминиран на УС Опен, имаше многу малку време да се опорави и да се подготви. Од самиот почеток беше јасно дека немаше фокус, немаше пожар што се гасеше, Новак не е машина, се случуваат вакви падови. Кога имаш лош ден, многу е потешко да го преживееш на 37 години, отколку на пример на 25 години“, истакна Навратилова.
Навратилова верува дека на Ѓоковиќ ќе му биде се потешко бидејќи времето не му оди.
„Сè станува потешко, трае подолго. Закрепнување од напорните тренинзи, опоравување од повреда. Сакате да тренирате помалку, но тогаш сте во полоша форма. Не гледам како може да остане мотивиран. Ако некој може, тоа е тој, но мора да игра малку повеќе отколку што играше, ако немаш натпревари ја гуниш рутината“, заклучи Навратилова.