Вечерва во Струмица на стадионот “Благој Истатов“ домашната Беласица и Охрид одиграа без победник 1:1. Ова беше последниот неч од 3.коло во ВМФЛ, сите останати мечеви се одиграа попладнево.
Гостите поведоа со голот на Димоски во 16.минута, додека домашните фудбалери израмнија во 37.минута преку Христовским на крај се испостави дека тие 1:1 на крајот беа конечни.
Да кажеме дека овој натпревар во Струмица се одигра под светлоста на рефлекторите.
Следува двонеделна пауза, натпреварите од 4.коло во ВМФЛ се закажани за 14 септември.