ВМФЛ: Христов со хет-трик ја “реши“ Победа, Брегалница ја победи Саса

691

Попладнево се одиграа седум средби од 3.коло во ВМФЛ. Требаше да биде дерби на ФФМ меѓу Македонија ЃП и Победа, но тимот од Ѓорче си го искажа сиот свој квалитет и победи со 3:0. Интересно, сите три гола беа дело на искусниот напаѓач Симеон Христов, два во првиот дел и еден во продолжението. Со ова Македонија ЃП е максимална, има три од три на стартот на сезоната.

Новаци во Велес со гол во 95.минута дојде до победа од 0:1. Со истиот резултат и Башкими славеше на гости кај Аресими.

Скопје на Автокоманда со 2:1 го победи Вардар (Неготино).

Во Штип екипата на Брегалница со 2:1 славеше над Саса. Стрелци на головите на “сините“ беа Хаџи – Кимов и Галевски од пенал.

Детонит и Вардарски одиграа 1:1, а Кожув со убедливи 4:1 беше подобар од Осогово.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 3.КОЛО

АРЕСИМИ – БАШКИМИ 0:1

БОРЕЦ – НОВАЦИ 0:1

БРЕГАЛНИЦА – САСА 2:1

ДЕТОНИТ – ВАРДАРСКИ 1:1

СКОПЈЕ – ВАРДАР (Н) 2:1

КОЖУВ – ОСОГОВО 4:1

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА 3:0

БЕЛАСИЦА – ОХРИД (20 Ч)

ПретходноЕкс-напаѓач на Тотенхем и Евертон дојде во Џирона
СледноГРК Охрид е победник на меморијалниот турнир “Миле Нешкоски“ во Прилеп!