ГРК Тиквеш пред почетокот на сезоната во Супер-лигата и пред настапот во Европа одлучи да не му даде шанса на Драган Марковиќ и да се раздели.
Марковиќ на клупата на кавадаречкиот тим дојде пред три месеци, а од таборот на клубот не објаснија на што се одлжи оваа разделба.
„Ја известуваме ракометната спортска јавност дека Драган Марковиќ повеќе не е тренер на Тиквеш“, стои во образложението на Тиквеш.
Разделбата се случи веднаш по дебаклот и високиот пораз со 29-20 од прволигашот Пелистер 2 на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.