Репрезентативецот на БС Коска, Вилфрид Заха има нов клуб. Тој го напушти Галатасарај по една сезона и му се приклучи на седумкратниот француски шампион Лион. Екс-англискиот репрезентативец доаѓа како позајмен на една сезона. Лион ќе плати 3 милиони евра за позајмицата.
Инаку Заха ја почна кариерата во Кристал Палас во 2010 година, имаше два неуспешни позајмици во Манчестер Јунајтед и во Кардиф. Се врати во Палас, а во 2023 година прејде во Галатасарај.