Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски и во новата сезона блеска во ХНЛ во дресот на Вараждин. Вечерва во меч од 5.коло, Митровски со гол од пенал во 51.минута му донесе победа на својот тим на гостувањето кај Локомотива.
Македонецот во 78.минута можеше да дојде и до вториот гол, но немаше среќа, ја погоди стативата.
Нема што, Митровски е во супер форма, што може да го радува селекторот Милевски во пресрет на натпреварите од Лигата на Нации со Ф. Острови и Ерменија.