На 39 години почина поранешен капитен на Лидс

216

Вчера на 39 години почина Сол Самба, поранешен стопер на Лестер Сити и поранешен капитен на Лидс. Веста ја потврди турски Аданаспор каде поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска ја извршуваше функцијата технички директор.

„На нашиот технички директор Сулејман Бамби му се слоши пред натпреварот против Маниса. Тој беше пренесен во болница каде за жал ја загуби битката за својот живот“, потврдија од клубот преку социјалните мрежи и изразија сочувство до неговото семејство. Зад себе ги остави сопругата и четирите деца.

На Бамби пред три години му беше дијагностициран Нон-Хочкинов лимфом, по што беше подложен на хемотерапија. Самиот изјави дека е излечен од малигната болест, но турските медиуми пишуваат дека завршил во болница поради повторување на болеста.

Бамба поголемиот дел од кариерата ја помина играјќи за Кардиф Сити (118 натпревари) и Хибернијан (80). Кариерата ја започна како играч на Пари Сен Жермен, играше за многу клубови, меѓу кои Лестер Сити, Лидс и Кардиф Сити, со кои освои влез од Чемпионшип во Премиер-лигата. Тој ги одигра своите последни натпревари за Мидлсброу.

За репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска одигра 46 натпревари и со неа го освои второто место на Африканскиот куп на нации во 2012 година.

ПретходноЛудо во Неапол: Лукаку погоди на дебито, Наполи победи со голови во судиското продолжение
СледноМедведев и Швјонтек рутински до 1/8 финале на УС Опен