НЛФ играч застрелан во обид за грабеж, лекарите се борат за неговиот живот

125

Страшна вест пристигнува од САД, поточно од Сан Франциско. Дебитантот на тамошниот НФЛ тим Рики Пирсол (24) бил застрелан при обид за грабеж, а лекарите се борат за неговиот живот.

Пред тоа полицијата соопшти дека две лица биле застрелани при обид за грабеж на Унион Сквер. Еден од нив е разбојник за кој се верува дека е малолетник, а другиот е Рики Пирсол. Американскиот фудбалер наводно се обидел да му грабне оружје на напаѓач кој сакал да го ограби, а во таа борба биле испукани неколку истрели. Сан Франциско Фортинајнерс објави дека Пирсол се здобил со рана во пределот на градниот кош, дека неговата состојба е сериозна, но стабилна.

„Рики Пирсол е жртва на обид за грабеж и пукање. Тој се здоби со прострелна рана во пределот на градниот кош и е во сериозна, но стабилна состојба. Ве молиме да ја почитувате неговата приватност во овој момент. Нашите мисли се со играчите и Рики, како и целото семејство Пирсол“, стои во соопштението.

 

ПретходноТен Хаг: Не сакам да коментирам за Слот, туку за Ливерпул!
СледноВинисиус отворено му кажа на Анчелоти што мислат навивачите на Реал по киксовите (ВИДЕО)