По поразот од Воска: Петрески и неговите помошници поднесоа неотповиклива оставка!

930

Екипата на ФК Вардар после четири кола во ПМФЛ има една победа и три порази. „Црвено-црните“ по годините минати во тешки услови конечно добија ветер во грб, но потребно е време за да заиграат на посакуваното ниво. Прикажаното на теренот е под можностите. Ова беше причина за да шефот на стручниот штба, Горан Петрески и помошниците ја превземат одговорноста и да понесадат неотповиклива оставка.

„Ден по шокантниот пораз од екипата на Воска Спорт од 1:3 , шефот на стручниот штаб Горан Петрески, заедно со своите помошници ја превземаа одговорноста за двата последователни порази и поднесоа неотповиклива оставка, заблагдарувајќи се на управата на клубот за укажаната доверба, која за жал не резултираше во посакуваниот правец“, се вели во соопштението на ФК Вардар.

Петрески се заблагодари и потенцира дека за Вардар секогаш го давал максимумот, жали што не успеа да ги донесе посакуваните резултати.

“Јас и мојот стручен штаб ја превземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати”, изјави Петрески, кој дојде на местото на Горазд Михајлов. 

Репрезентативната пауза во ФК Вардар ќе се искористи за поправање на недостатоците, а во меѓувреме се очекува да се донесе одлука околку новиот тренер на Вардар.

ПретходноВМФЛ: “Лавовите“ ја дочекуваат Победа на ФФМ, Беласица – Охрид се игра под рефлектори!
СледноТен Хаг: Не сакам да коментирам за Слот, туку за Ливерпул!