Крилниот напаѓач Џејдон Санчо го напушти Манчестер Јунајтед во последните часови од летниот преоден рок и му се приклучи на Челзи на позајмица. Лондонскиот клуб има задолжителна откупна клаузула за играчот по исполнување на одредени услови.
Англичанецот изрази задоволство што е дел од лондончани, а во минатото идоли му биле Дидие Дрогба и Френк Лампард.
„Сакав да дојдам во Челзи бидејќи тоа е уникатен клуб. Мои идоли се Дидие Дрогба и Френк Лампард и сега имам можност да играм во клубот каде што играа. Чувството е феноменално“, изјави Санчо за клупската веб-страница.
Санчо минатата сезона беше дел од Борусија Дортмунд на позајмица со кого играше во финалето на Лигата на шампионите. По завршувањето на сезоната пропадна можноста германскиот клуб да го земе на трајна основа и тој сега ќе игра на Стемфорд Бриџ на позајмица.