Хермосо пристигна во Рома, Смолинг отиде во Саудиска Арабија

149

Рома направи промена во дефанзивниот ред. Англискиот интернационалец Крис Смолинг го напушта тимот и прави трансфер во Ал Фахија од Саудиска Арабија, а неговото место ќе го пополни Марио Хермосо кој доаѓа од Атлетико Мадрид.
Шпанскиот дефанзивец доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со Атлетико на 30 јуни. Договорот со Рома е до јуни 2026 година со опција да биде продолжен на уште една година.
Хермосо може да игра како централен и како лев бек.
А Смолинг летна за Саудиска Арабија каде што до 2 септември, до кога трае преодниот рок во Про лигата, ќе го заврши трансферот во Ал Фахија.

ПретходноБаерн рутински со Фрајбург, Томас Милер е икона на гигантот од Минхен! (ФОТО)
СледноОчекувано: Брера му врачи отказ на Круљ!