Абдул Руатубјаје од Руанда не е веќе фудбалер на Шкупи. Оваа вест и офцијално е потврдена од страна на клубот од Чаир. Па така новиот стратег на тимот Матија Мирков останува без еден од своите најдобри фудбалери, посебно во одбраната.
Инаку Руатубјаје во Шкупи дојде во јануари 2021 година, во меѓувреме се врати во својата Руанда каде играше за Рајон Спортс за да од февруари оваа година повторно беше дел од тимот на Шкупи.
Раководството со одбрани зборови се прости од Абдул, му се заблагодари на досегашната соработка и му посака многу среќа во идната негова кариера.
Инаку Руатубјаје вчера го одигра целиот меч во Кратово каде Шкупи беше поразен од Силекс со 2:1.