Тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти по вчерашната тешка победа над Бетис од 2:0, вели дека желбата и ентузијазмот пресудиле во полза на „кралевите“.
„Имавме желба, ентузијазам, мотивација. Тоа го правиме постојано обидувајќи се да станеме подобри. Одигравме добар натпревар и изгледавме покомплетно. Со убави чувства заминуваме на пауза“, вели Анчелоти.
За двата гола на Мбапе, Италијанецот вели:
„Ние никогаш не го притискавме за голови. Вини му даде да го изведе пеналот, бидејќи е важно да постигне гол, но ние повеќе ја цениме тимската работа и таа беше подобра од минатиот натпревар. Винисиус постапи многу алтруистички со тоа што му го додели пеналот на Мбапе. Тие имаат добри односи“, рече главниот тренер на Реал Мадрид.